klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 09:27:43

Вечерашниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ е резервиран за Шпанската вечер на „Охридско лето“ на која ќе настапи триото „Вибрарт“. Ова трио го сочинуваат пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез. Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот на тројца исклучителни музичари кои решително, со искрен и автентичен пристап му се посветуваат на репертоарот за пијано-трио. Името на ансамблот „Вибрарт“ ја отсликува моќта на камерната музика да ја допира, да комуницира и да остава силен уметнички печат врз публиката. Сите тројца членови, покрај активноста со камерна музика продолжуваат паралелно со индивидуална музичка кариера. Школувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти. Хуан Перез Флористан е носител на награди од натпреварот „А. Рубинштајн“ и од Натпреварот за пијанисти во Сантандер, и е професор на Академијата „Баренбоим-Саид“. Виолинистот Мигел Колом е концерт-мајстор на Шпанскиот национален оркестар и предава на Високата школа за музика „Кралица Софија“ и на Академијата „Баенбоим-Саид“, додека пак Фернандо Ариас е добитник на бројни награди и признанија и е професор на Кралскиот конзерваториум во Мадрид…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti