klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Шпанија прими само еден гол – помалку од кој било светски шампион

Шпанија прими само еден гол – помалку од кој било светски шампион
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 22:33:13

Фудбалската репрезентација на Шпанија заслужено ја освои светската титула, а до трофејот стигна со историски одбранбен учинок. Шпанците примија само еден гол во текот на целиот турнир, што претставува рекорд на светските првенства. Ниту еден претходен шампион не го завршил Мундијалот со помалку примени погодоци. Единствената репрезентација што успеа да ја затресе мрежата на Шпанија беше Белгија во четвртфиналето, во кое избраниците на Луис де ла Фуенте славеа со 2:1. Единствените бодови Шпанија ги загуби на почетокот од првенството, кога одигра 0:0 против Зеленортските Острови. Потоа следуваше импресивна серија победи: Саудиска Арабија – 4:0 Уругвај – 1:0 Австрија – 3:0 Португалија – 1:0 Белгија – 2:1 Франција – 2:0 Аргентина – 1:0 Шпанија го заврши Светското првенство со вкупно 14 постигнати и само еден примен гол, потврдувајќи дека покрај квалитетот во нападот, ја имаше и убедливо најцврстата одбрана на турнирот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti