Sport Sjeverna Makedonija
ШПАНИЈА НОВ СВЕТСКИ ШАМПИОН

Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 22:02:26
Фудбалската репрезентација на Шпанија по вторпат во историјата на Светските првенства ја освои шампионската титула. Планетарниот првак од 2010 година со голот на Феран Торес во 106 минута ја совлада Аргентина во големото финале на „Мет Лајф“ стадионот во Њујорк. Аргентина во двете продолженија по 15 минути, играше без исклучениот Енцо Фернандез кој за 11 минути заработи два жолти картони. Ова беше последниот натпревар на Лионел Меси на светските првенства, на ова Аргентинецот ја загуби трката со Мбапе за Златната копачка. Французинот е најефикасен на Мундијалот со 10 гола.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


