klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шпанија: Над 13.000 хектари земјиште уништени во шумските пожари

Шпанија: Над 13.000 хектари земјиште уништени во шумските пожари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 19:53:09

Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската војска, поддржани од 25 авиони, се испратени во загрозеното подрачје, пишува „Монд“. Пожарот избувна во планинска шумска област што е живеалиште на загрозени видови орли и волци. Се очекува топлотниот бран да трае до четврток, кога температурата би можела да надмине 45 степени во изолирани области. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti