klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Шпанија и Аргентина испишаа историја: Вакво финале не е одиграно уште од првото Светско првенство

Шпанија и Аргентина испишаа историја: Вакво финале не е одиграно уште од првото Светско првенство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·15. 07. 2026. 22:54:48

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина носи еден навистина интересен историски податок. Имено, последен пат во финале на Мундијалот се сретнале две репрезентации чиј примарен јазик бил ист уште на првото Светско првенство во 1930 година, кога во Монтевидео за титулата играа Уругвај и Аргентина. И двете репрезентации зборуваат шпански јазик, исто како и финалистите на Светското првенство 2026. Оттогаш поминаа дури 24 изданија на Светските првенства, а дури сега повторно ќе гледаме финале во кое за светската титула ќе се борат две селекции со ист официјален јазик. Шпанија до финалето стигна со победата од 2:0 над Франција, додека Аргентина во второто полуфинале со спектакуларен пресврт ја совлада Англија со 2:1. Така, во недела љубителите на фудбалот ќе бидат сведоци на големо финале меѓу две светски велесили кои, покрај богатата фудбалска традиција, ги поврзува и истиот јазик.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti