СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. Томовски уверува дека од првиот момент кога е пријавена состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата е во постојана и директна координација со сите надлежни институции и оти внимателно го следи развојот на настаните во секој момент. - Покрај институционалната одговорност, постапките на надлежните органи, спроведување на сите неопходни контроли и лабораториски анализи, Владата интервентно одлучи за обезбедување на 50 литри питка вода за пиење којашто ќе биде доставена секој ден на граѓаните во Гостивар. Оваа мерка започнува од денес и ќе продолжи во наредните неколку денови со цел да се обезбедат основните потреби на населението, додека траат мерките и препораките на институциите - најави Томовски. Тој соопшти дека дистрибуцијата на водата ќе биде на локациите: Водостопанство Гостивар, градинка „Пролет“, Средното економско училиште Гостивар, ЈП Национални шуми - подружница Шар Гостивар, АД ЕСМ подружница кај…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Trump zagotavlja, da Netanjahu v ZDA ne bo aretiran
