klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Совршена бамја чорба со телешко – стар рецепт што никогаш не излегува од мода

Совршена бамја чорба со телешко – стар рецепт што никогаш не излегува од мода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 20:33:19

Бамјата е едно од најтрадиционалните летни јадења, а кога ќе се подготви на вистински начин станува вистински деликатес. Во комбинација со меко телешко месо, домати и миризливи зачини, добивате ручек што ќе ги воодушеви сите на трпезата. Најважниот чекор е правилната подготовка на бамјата, за да остане цврста и без слуз. Потребни состојки: 500 грама телешко месо 500 грама свежа или 400 грама замрзната бамја 1 голема главица кромид 2 чешниња лук 2 домати или 200 мл доматно пире 1 лажица црвен пипер 1 ловоров лист 50 мл масло 500–700 мл вода или говедска супа Сол и црн бибер по вкус Свеж магдонос 1–2 лажици оцет или сок од лимон Начин на подготовка: Свежата бамја измијте ја, внимателно отстранете ги дршките и прелијте ја со оцет или сок од лимон. Оставете да отстои околу 20 минути, а потоа исплакнете ја. Така ќе ја намалите нејзината природна слуз. Во тенџере загрејте масло и запржете го месото додека убаво не порумени. Додајте го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне, ставете го и лукот. Тргнете го тенџерето од оган, додајте го црвениот пипер, доматите или доматното пире, ловоровиот лист и налејте вода или супа. Варете на тивок оган околу еден час, додека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti