klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 10:26:34

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. Кредитирањето и депозитната активност забележаа раст и во првиот квартал од 2026 година, но побавен во споредба со претходниот квартал, најмногу под влијание на сезонските ефекти, коишто се вообичаено позасилени во првиот квартал од годината. Квалитетот на кредитното портфолио се подобри и кај секторот „домаќинства“, и кај корпоративниот сектор, што придонесе за натамошно намалување на вкупната стапка на нефункционални кредити, којашто се сведе на историски најниското ниво од 1,9%. Банкарскиот сектор остварува позитивен финансиски резултат, којшто е на ниво слично на она од истиот период минатата година, обезбедувајќи солидни показатели за профитабилноста. Народната банка и во иднина ќе биде претпазлива, постојано ќе ги следи ризиците и е подготвена да ги примени сите расположливи инструменти и мерки за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност. На истата седница, Советот разгледа и усвои повеќе материјали поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti