klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска

Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 14:00:39

Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. -Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се наведува во соопштението. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti