Состојбата на пациентот, транспортиран од Турција е подобрена

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба - информираше директорот на ТОАРИЛУЦ. Според него, во текот на следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување. Одговарајќи на новинарско прашање дали летово се регистрирани случаи на тешки повреди при скокови во плитка вода, Мерџановски рече дека на Клиниката годинава нема примено такви пациенти, освен момчето кое се повредило во Турција. Тој нагласи дека превентивните кампањи за безбедно однесување кај младите треба да продолжат, со цел да се…
Povezane vijesti

Сиљановска-Давкова и Алиев: Македонија и Азербејџан ја прошируваат соработката во енергетиката

Национален џез оркестар со јубилеен концерт посветен на Сашко Николовски: Четири децении музика и инспирација
