Соработка меѓу Кисела Вода и Ѓорче Петров за превенција од детско престапништво

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ги обединуваат заложбите за унапредување на превенцијата од детското престапништво и создавање подобри услови за правилен развој и безбедност на младите. Овој документ, како што информираат од Општина Кисела Вода, ги поставува темелите за институционална соработка во чии рамки Советот за превенција на детско престапништво на Општина Кисела Вода ги става на располагање своите практични искуства, методологии и воспоставени модели на дејствување како менторска поддршка за Советот на Општина Ѓорче Петров. -Иницијативата се заснова на принципите на меѓусебна доверба, градење синергија и размена на добри практики кои Кисела Вода успешно ги развиваше во изминатиот период во соработка со училиштата, институциите и граѓанскиот сектор. Ваквиот меѓуопштински пристап овозможува зајакнување на капацитетите на локалните совети и нивно поефикасно одговорање на предизвиците поврзани со младите, посочуваат од локалната самоуправа. Нагласуваат дека партнерството предвидува заедничко планирање, размена на ресурси и анализа на состојбите на терен, со цел градење одржлив модел на превенција што ќе придонесе за поголема безбедност на младите во двете општини. -Со потпишувањето на овој Меморандум, Општина Кисела Вода и Општина Ѓорче Петров потврдуваат дека вистинскиот напредок во локалната…


