klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сончево со температури до 36 степени

Сончево со температури до 36 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·14. 07. 2026. 06:02:47

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Според прогнозата на УХМР, во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti