klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Сончево и топло време со температури до 38 степени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·29. 07. 2026. 05:54:14

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. Според УХМР, под влијание на топол бран во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата дневната температура локално ќе достигне и до 40 степени.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti