klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Сојузот на стопански комори не се согласува со кратење на празниците, предлага плаќање на вработените по час

Сојузот на стопански комори не се согласува со кратење на празниците, предлага плаќање на вработените по час
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 11:55:40

Сојузот на стопански комори не се согласува со предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците и наместо тоа смета дека треба да се работи на зголемување на продуктивноста. Предлог за којшто сметаат дека вреди да се разговара во иднина е да се плаќаат вработените по саатнина, односно по работен час по примерот на развиените пазарни економии. - Македонија има вредни, посветени и чесни луѓе кои сакаат да работат. Затоа, нашиот фокус не треба да биде на намалување на празниците. Нашиот таргет е како да се зголеми продуктивноста. Во таа насока, би сакал да отворам прашање за кое сметам дека треба да се дискутира и во иднина, а тоа е плаќањето по работен час, по примерот на развиените пазарни економии - вели првиот човек на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски. Овој модел, според Комората, ќе ги фаворизира работливите и продуктивните работници, бидејќи ќе им овозможи да заработуваат повеќе, а истовремено ќе донесе и поголема флексибилност на пазарот на труд. - На пример, некој би можел да работи три часа во еден ден, а пет часа во друг, во зависност од потребите и можностите. Тоа би овозможило поголема флексибилност, особено за родителите и за мајките кои треба да ги усогласат работните и семејните…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti