klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Собранието ја почна седницата за измени и дополнување на Изборниот законик

Собранието ја почна седницата за измени и дополнување на Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·29. 06. 2026. 17:33:56

Собранието, по еден час пауза на барање од пратеничката група на СДСМ, ја почна 110 седница, на чиј дневен ред, се новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на почетокот информираше дека седницата е свикана согласно Член 74, став два од Деловникот на Собранието за да може Собранието и другите институции непречено да функционираат. Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонио Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Со измените, меѓу другото, се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите. Иако учествуваше во работната група, Левицата не го потпиша овој предлог со образложение дека не се согласува со предложениот начин на финансирање на партиите бидејќи тие иако имаат шестмина пратеници, на партијата ќе ѝ бидат исплатени исто толку кога беа двајца. Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека договорено е Левицата да поднесе амандман на предлогот. Претставници на СДСМ не учествуваа во работната група за измените на Изборниот законик. Најавата на лидерот на опозицијата дека СДСМ нема да ги поддржи измените на Изборниот законик, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti