Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за нов министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Сите министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против. Непосредно пред гласањето премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е среќен со изборот на новите министри, кои денеска очекува парламентарното мнозинство да ги избере, како и со оние со кои досега соработувале, но и со оние кои не се предмет на оваа реконструкција. -Среќен сум што го имам ова парламентарно мнозинство, кое досега испорача многу реформски закони, кои, впрочем, и еврокомесарката Марта Кос го истакна при нејзината последна посета кај нас, и…
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!
BRAT PREMIJERA ŠPANIJE PROGLAŠEN KRIVIM: Evo koja mu je kazna izrečena zbog nepotizma i administrativnog prekršaja!
