klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 09:49:07

Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година. Во рамки на 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за државна ревизија и одлуката за испраќање припадници на АРМ во меѓународната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина. Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност. Собранието продолжува со работа по 125. пленарна седница.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti