klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 11:54:18

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања на засегнатите страни, по однос на нивниот статус и примања. Двата закона, како што посочија пратениците од опозицијата, нема да обезбедат независност, непристрасност и напредок во судската и јавнообвинтелската служба. - Станува збор за закон кој е далеку од реформски, далеку од она што е предвидено до Реформската агенда. Имаме закон којшто само декларативно ги следи целите од реформската агенда. Наместо зајакнување на самостојноста на јавнообвинителската служба, во повеќе одредби се задржуваат механизмите преку кои извршната власт има влијание, рече Јована Тренчевска од СДСМ од собраниската говорница. Реагираше пратеникот Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека ќе бидеме држава која ги направила најбрзо и најефикасно реформите и која добива најмногу средства од Европската унија. - Вие како опозиција имате две решенија. Првото решение е да излезете и да кажете дека сите овие законски решенија кои…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti