Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 „против“. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека подесените амандмани за законот биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии, и уште нагласи што содржи законот. - Прво, дислокацијата на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде резултати за нивна дислокација од училиштата е оддалеченоста од 500 метри, најбезбеден пат на објектот од основното или средното училиште. Понатаму, значително се ограничува рекламирањето. Светлечките реклами нема да ги има. Ќе бидат тргнати и младите нема да бидат изложени на тој, би рекол, агресивен маркетинг којшто постојано сме сведоци сите, ни се случува пред очи - рече заменик министерот за финансии. Додаде дека единствено ќе биде дозволено во…


