klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Со заострени критериуми за сместување се подигнува безбедноста во студентските домови, дефинирана и старосна граница за користење на услугите

Со заострени критериуми за сместување се подигнува безбедноста во студентските домови, дефинирана и старосна граница за користење на услугите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 13:28:14

Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на прес конференција ги образложи поважните измени. „Ја ограничуваме возраста на студентите до кога можат да бидат сместени во студентски домови. Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начини и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и така натаму. Отсега максимална старосна граница на студент кој аплицира за сместување во дом ќе биде 30 години, односно 30 годишна возраст“, рече Јаневска. Со втората измена се воведува казнена одредба – забрана од 1 до 5 години за сместување во студентски домови за студенти кои ќе сторат потешка повреда на куќниот ред, ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол или други супстанци, или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација или друго недолично постапување со кое се загрозува безбедноста, здравјето, интегритетот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti