klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор

Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 06:58:03

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, - Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните. Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година, продолжува во соопштението. Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti