Со работа и соодветни политики ги унапредивме состојбите во земјоделството, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината на откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој сектор. - Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користат за наводнување на земјоделските посеви во август 2024-та беа полни осум отсто. Денеска се над 70 проценти. Со домаќинско работење и со начин на којшто оваа Влада функционира, речиси деветпати, десетпати е зголемен капацитетот на акумулациите. Исто така, треба да се спомене дека три плати не им беа исплатени на вработените во водостопанство и национални шуми. Кога зборуваме и кога критикуваме, особено ова се однесува на опозицијата, мора да направиме и една ретроспектива како беше, затоа што вие морате да компарирате нешто со нешто, не можете на чувства да зборувате, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Илинден. Потенцира дека исто така се доцнело со субвенциите и тоа отприлика две годишни програми. - Сето тоа создаваше еден немир, една неизвесност. Денеска состојбата…


