klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

„Со почит“, изложба на Владимир Муратовски Диво

„Со почит“, изложба на Владимир Муратовски Диво
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 06:26:28

„Владимир ни е другар. Можеби сега во поинаква форма, но и понатаму е присутен со своите чекори, тонови, букви и линии. Изложбата ја почнавме заедно, а тој ја заврши со својот последен цртеж, автопортрет. Неговото заминување го смени и нејзиното значење. На моменти се прашувавме дали има смисла да продолжиме. Со текот на времето, самиот процес се претвори во начин да се соочиме со загубата и повторно да бидеме со него низ работите што ги остави зад себе.“ „Со почит“ отвора мал дел од архивата на Владимир Муратовски Диво (1969 - 2026). Фрагменти од цртежи, музика, текстови, изданија и други траги од неговата долгогодишна работа се собираат и поврзуваат, отворајќи простор за нивно повторно гледање, слушање, читање и доживување. Поезијата, музиката и цртежот кај Диво се различни форми на еден ист импулс, препознатлив по минимализмот, повторувањето, директноста и специфичниот хумор. Изложбата произлегува од неговата долгогодишна поврзаност со Партизанска штампа, Стотројка и скопската културна сцена. Во рамките на изложбата ќе биде промовирана уметничка книга во сито-печат, посветена на неговите цртежи „карикатури“, а ќе биде претставена и компилацијата „Elektro Kultura - Various Astronauts“, достапна на CD и касета, со 15 верзии на песната „Астронаут“ од локални и странски музичари. „Со почит“ не…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti