klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Со доделување на наградата „Мето Јовановски“: Свечено отворен Фестивалот „Преку езерото”

Со доделување на наградата „Мето Јовановски“: Свечено отворен Фестивалот „Преку езерото”
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 20:21:22

Со доделување на наградата „Мето Јовановски“ која за високо уметничко достигнување во областа на филмот, ја доби актерот Тони Наумовски, вечерва во Амфитеатарот во Дојран свечено беше отворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Фестивалот со обраќање го отвори директорот на фестивалот Јани Бојаџи, во присуство на градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, и неговото преосвештенство, Епископот Стобиски, г. Јаков, како и Мими Ѓоргоска Илиевска, претседател на советот на фестивалот и тричленото жири : Мирослав Митиќ, продуцент, Елеонора Венинова, режисерка и Емили Ришел, претставничка од Франција. Претседателката на фестивалскиот совет, Ѓоргоска Илиевска, истакна дека оваа година особено значајно е што фестивалот добива регионален карактер, и програмата се прикажува во три градови Дојран, Струмица и Гевгелија. Посебна благодарност до Епископот Стобиски, г. Јаков за неговото присуство на отворањето, изрази директорот на фестивалот Бојаџи, кој во својот говор ја запозна публиката со значењето на филмската работа на актерот лауреат, Тони Наумовски. - Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера на театар, филм и телевизија, истакна Бојаџи, посакувајќи му на овогодинешниот добитник добредојде дома и, како што кажа, во светот на вљубениците во сликите кои се движат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti