klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Славен Билиќ повторно е селектор на Хрватска

Славен Билиќ повторно е селектор на Хрватска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·13. 07. 2026. 14:31:35

Славен Билиќ официјално е нов селектор на хрватската фудбалска репрезентација откако Извршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз одржа седница, на која беше потврдено неговото назначување. Билиќ на селекторската функција ќе го наследи Златко Далиќ, кој по речиси девет години реши да стави крај на својот успешен мандат. За Билиќ ова ќе биде втор мандат на клупата на „коцкестите“. Тој беше селектор на Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година и ја предводеше репрезентацијата на Европските првенства во 2008 и 2012 година.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti