klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шкендија со победа го отвори шампионатот

Шкендија со победа го отвори шампионатот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·27. 07. 2026. 04:49:19

ФК Шкендија со убедлива победа од 3-0 над ФК Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во ПМФЛ. На теренот во тренинг-центарот на ФФМ, тетовскиот состав целосно доминираше и сосема заслужено ги освои првите три бода. Шкендија уште во втората минута можеа да поведат. Криезиу испрати прецизен центаршут од левата страна, а Зејнулаи од непосредна близина шутираше со глава, но Кристијан Наумовски со одлична интервенција го сочува својот гол. Само осум минути подоцна Зејнулаи повторно ја затресе мрежата, но по реакција на ВАР погодокот беше поништен поради офсајд на Криезиу во почетокот на акцијата. Фад Нзенгуе од коса позиција од левата страна испрати силен удар и го совлада Наумовски за заслужено водство од 1-0. До крајот на првото полувреме Шкендија создаде уште неколку опасни ситуации, но резултатот остана непроменет. На стартот од вториот дел Фабрис Тамба двапати беше блиску до погодок. Најпрво во 51. минута Наумовски го одбрани неговиот силен удар, а пет минути подоцна голманот на ФК Скопје повторно излезе како победник, интервенирајќи со нога. Сепак, во 66. минута Тамба конечно ја скрши одбраната на гостите. По центаршутот на Трумчи, напаѓачот шутираше од свртување, а иако Наумовски ја допре топката, таа ја мина гол-линијата за 2-0. Девет минути…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti