Скалони: Кога сме под притисок, тогаш го играме нашиот најдобар фудбал

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони, изјави дека неговата репрезентација уште еднаш покажала дека е најсилна кога е ставена под најголем притисок, откако со нов драматичен пресврт ја совлада Англија со 2:1 и избори место во финалето на СП. " Искрено, мислам дека овој тим го игра својот најдобар фудбал токму кога е под најголем притисок. Кога ќе се најдеме во тешка ситуација, а противникот ќе покаже и најмал знак на слабост, ние веднаш го чувствуваме тоа и се бориме со сè што имаме. Токму такво чувство ми дава оваа екипа“, изјави Скалони на прес-конференцијата по натпреварот. Тој не го криеше задоволството од карактерот што го покажале неговите фудбалери. „Среќен сум затоа што тимот се бореше до последната секунда, а тоа за мене е најважно. Дури и да бевме елиминирани, ќе знаевме дека сме оставиле сè на теренот“, истакна аргентинскиот селектор. Скалони нагласи дека Аргентина го покажала своето вистинско лице откако Англија поведе со 1-0 на почетокот од второто полувреме. " По нивниот гол покажавме сè што, според мене, треба да претставува фудбалот. Тоа не е само тактика, стратегија или атрактивна игра. Во последните 40 минути се виде сè во што веруваме како тим“, рече тој. Селекторот ги опиша своите играчи…


