Скалони: Играме за нашиот народ, за нашата земја, за нашите семејства!

Лионел Скалони, селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина изјави дека неговиот тим ќе игра за народот и за земјата, а додаде и дека ја анализира Шпанија уште од минатиот декември. Фудбалерите на Аргентина и Шпанија денес во 21:00 часот во Њујорк ќе го одиграат финалето на Светското првенство во 2026 година. " Играме за нашиот народ, за нашата земја, за нашите семејства и за оние што чекаат да ја гледаат репрезентацијата. Повторно постигнавме нешто многу драгоцено – луѓето да седат пред телевизорите, навивачи на Бока, Ривер, Њуелс, Сентрал, и заедно да слават. Ние тоа го гледаме, го чувствуваме и го препознаваме. Единството е клучно и таа поврзаност постои. Народот е со тимот. Тоа го забележуваме, го гледаме и за нас е многу трогателно“, рече Скалони. Тој наведе дека Шпанија напредувала како што одминувал турнирот и дека својот најдобар натпревар го одиграла против Франција. „Уште од декември ја анализираме Шпанија како можен ривал, иако на крајот не одигравме „Финалисима“ против нив. Ги проучивме сите можни сценарија, знаеме како играат. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил и да ги нападнеме во сегментите каде што би можеле да имаат проблеми. Тие сè засноваат на посед на топката; во таа смисла, прилично…


