klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Скалони горд и покрај поразот: „Јас се сеќавам и на второпласираните“

Скалони горд и покрај поразот: „Јас се сеќавам и на второпласираните“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 22:58:27

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, но истовремено истакна дека е неизмерно горд на своите фудбалери. По поразот од 1:0 по продолженијата, Скалони им честиташе на новите светски шампиони и порача дека неговата репрезентација нема од што да се срами. „Чувствувам тага, но дадовме сè од себе. Имам многу работи да кажам за патот што го поминавме до финалето. Вечно сум им благодарен на овие момци што стигнавме дотука“, изјави Скалони за DSports. Тој им се заблагодари и на аргентинските навивачи за поддршката, нагласувајќи дека неговата селекција мора достоинствено да го прифати поразот. „Мора да му дадеме голема вредност на ова што го постигнавме, бидејќи не беше лесно. Треба да покажеме дека знаеме и да губиме. Тие беа заслужени победници. Ќе се исправиме и повторно ќе се вратиме“, рече аргентинскиот селектор. Осврнувајќи се на познатата изјава на легендарниот тренер Карлос Салвадор Билардо дека „никој не се сеќава на второпласираните“, Скалони одговори со зборови што брзо станаа хит. „Дадовме сè. Јас се сеќавам и на второпласираните“, порача Скалони. Со овој триумф, Шпанија ја освои својата втора светска титула и се израмни со Уругвај на вечната листа на светски шампиони…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti