ШИРОК СОКАК – таа мала градска енциклопедија на Балканот (ГАЛЕРИЈА)

Во средината на 19. век, на трасираната улица која почнувала од мостот кај некогашната библиотека „Интифа“ (денешен Судски Мост), покрај Градскиот часовник, вдолж кон Тумбе кафе, до Офицерски дом, изграден е Широк сокак, таа мала градска енциклопедија на Балканот. Широк сокак не е само урбан простор, туку живо, симболичко и симбиотско јадро на градскиот идентитет, во кое се вградени историските слоеви, културните влијанија и човечки судбини, забележа Зоран Ѓоргиев, публицист кој во своите „Приказни од Широк сокак“ за главната битолска улица вели дека е срцето низ кое Битола најсилно чука. Надалеку познатиот Широк сокак датира од средината на 19. век, време во кое голем придонес дале француските лазаристи, католички ред, чија централа се наоѓала во Париз. Најзаслужен за тоа бил првиот лазарист, подоцнежниот супериор Жан Жозеф Лепавек, кој во градот пристигнал во 1850 година и улицата ја оценил за најпогодна и не само што била главна, туку имала и објект во кој можела да се смести неговата мисија, односно хотелот на офицери од османлиската војска. За кусо време, улицата ќе биде „заградена“ со прекрасни фасади и прекрасно архитектонско јадро со француски вкус кој силно ќе влијае врз следните градби во улицата. Крстена и прекрстувана улица, но секогаш Широк сокак Улицата…


