klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

„Синер ме разнесе“: Искрено обраќање на Ѓоковиќ по поразот на Вимблдон

„Синер ме разнесе“: Искрено обраќање на Ѓоковиќ по поразот на Вимблдон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 20:38:44

Новак Ѓоковиќ по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон испрати искрена порака дека освојувањето на 25. Гренд слем титула не е единствената цел што го води во кариерата и побара да се намали притисокот што постојано се создава околу тој рекорд. На прес-конференцијата по натпреварот, српскиот тенисер призна дека очекувањата од јавноста, медиумите, но и од луѓе блиски до него, понекогаш стануваат преголем товар. -Тоа не е крајната цел. Многу луѓе ме оптоваруваат, некои луѓе кои се во мојот втор круг на блискост во животот, како и дел од медиумите. И јас сакам 25, но тоа не е крајната цел. Почнува малку да ме нервира. Ајде да ги ставиме работите во перспектива. Како да не се доволни 24 Гренд слем титули, па мора да бидат 25. Како 400 недели на првото место да не се доволни, туку мора да бидат 1.000. Треба да бидеме благодарни, изјави Ѓоковиќ. Говорејќи за самиот натпревар, тој беше искрен и призна дека Синер бил далеку подобар. „Не знам што можев да направам поинаку. Ме разнесе. Беше доминантен и многу подобар од мене. Секогаш беше чекор пред мене. Ќе видиме дали повторно ќе се вратам, а јас би сакал“, рече Новак. На прашањето од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti