klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Силниот ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница, штети од невремето има по домови и други институции

Силниот ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница, штети од невремето има по домови и други институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 20:12:13

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е суво, каде што нема протекување. Значи, во текот на ноќта ќе видиме, ќе ги префрлиме дел од пациентите на други одделенија со цел да бидат заштитени, да не настанат некои накнадни дождови со кои би се пореметило функционирањето. Некаде околу 15 до 20 пациенти се, бидејќи тоа не е целиот дел од ортопедското одделение и операционата сала на ортопедија. Но, бидејќи имаме и други операциони сали, ќе се адаптира, ќе се прилагодиме за да ги пружиме навреме нашите медицински услуги за населението овде-изјави Ефтимова. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вечерва информираше и дека невремето со дожд и силен ветар направи штети и на други институции и домовите на граѓаните. Некои од улиците немаат струја. -​На терен работат сите екипи на јавните претпријатија „Стипион“, „Исар“, Територијалната противпожарна единица. Во комуникација со СВР Штип се расчистуваат сите сообраќајници. Од она…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti