klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Сиљановска-Давкова: Време е економските односи со Индија да добијат нова динамика

Сиљановска-Давкова: Време е економските односи со Индија да добијат нова динамика
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 18:00:01

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на македонската „Национална развојна стратегија 2024-2044“, како цврста основа за долгорочно партнерство“, рече претседателката. Според неа, неодамна склучениот Договор за слободна трговија меѓу Европската Унија и Индија е од исклучително значење за продлабочување на трговската размена, особено во автомобилската индустрија, фармацијата, металургијата, прехранбената индустрија и дигиталните технологии. Индиската претседателка искажа верување дека од денешниот бизнис форум ќе произлезат нови идеи и дека истиот ќе отвори нови можности за соработка. Таа истакна дека во заеднички интерес е ако двете земји работат во насока на подобрување на економската соработка. Посочи неколку области како можност за инвестиции, односно дигиталните иновации, вештачката интелегенција, здравствената заштита, преработката на храна. Сиљановска-Давкова укажа дека сегашниот обем на трговска размена не ги одразува целосно одличните политички односи и реалниот потенцијал за економска соработка меѓу двете држави. Таа ги издвои стабилните макроекономски показатели, растот на индустриското производство и отпорноста на македонската економија, како значајни предности за привлекување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti