Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната македонска делегација досега на Медитеранските игри

Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им посака успешни настапи и изрази надеж дека со својата посветеност, борбеност и спортски дух достоинствено ќе ги претстават македонските бои во Таранто. Присуството на претседателката на Медитеранските игри е историски момент за македонскиот спорт. За првпат откако Македонија настапува на оваа голема меѓународна спортска манифестација, на Игрите присуствува и претседател на државата, што претставува значајна поддршка и дополнителна мотивација за македонските спортисти. Силјановска-Давкова во Таранто ќе престојува два дена, а вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на Игрите, заедно со делегациите од медитеранските земји…


