klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Сиљановска Давкова: Родово-одговорното буџетирање нужност при утврдувањето на државните приоритети

Сиљановска Давкова: Родово-одговорното буџетирање нужност при утврдувањето на државните приоритети
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 20:47:10

Претседателката Гордана Сиљановски Давкова објави дека денеска се сретнала со четири претставнички на Научниот одбор на меѓународната конференција „Годишна средба на Мрежата за родово одговорен надзор врз буџетот и заедницата на практичари кои користат родово одговорно буџетирање“, којашто се одржува во Охрид. - Со Дајан Елсон, емеритус професорка на Одделот за социологија при Универзитетот во Есекс, професорката Глорија Аларкон-Гарсија од Универзитетот во Мурсија, професорката Кристина Мишева од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики, разговаравме за улогата на родово-одговорното буџетирање во креирањето квалитетни јавни политики, како и за примената на науката и искуството на цивилното општество во процесот на одлучувањето и носењето добри одлуки - информира Сиљановска Давкова во објава на својот фејсбук профил. За мене, потенцира претседателката, родово-одговорното буџетирање не е техничка категорија, туку нужност при утврдувањето на државните приоритети да се води сметка јавните трошоци да создаваат јавни вредности и да задоволуваат различни потреби на што поширок круг луѓе, кои припаѓаат на различни категории, а особено ранливите. - Крајната цел на буџетирањето не е само родово-одговорен буџет, туку добар буџет, заснован врз докази, чувствителен на различните потреби, транспарентен, одговорен и способен да создава јавна вредност. Верувам дека најдобрите политики…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti