klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 07:06:07

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вчеравечер го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и прибежиште на уметноста, амбиент во којшто музиката, зборот и играта стануваат симфонија, а Самоиловиот град летен дом на врвни уметници кои го презентираат најубавото. „Кога Ростропович го распеал и го расплакал своето виолончело во градот на Свети Климент и Наум, а Карерас, небаре Орфеј ги предизвикал птиците, нивните настапи не им го одзеле само здивот на присутните, туку се слеале во езерските бранови, се соединиле со звуците на црковните ѕвона и проструиле низ Самоиловите тврдини, раскажувајќи приказни“, рече претседателката. На крајот, таа укажа дека „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, потврдувајќи дека уметноста е насушна потреба и придобивка. Со гала-концертот „Љубов“, во изведба на светски познатите оперски уметници Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново, во придружба на Националната опера и балет и под диригентската палка на Марко Боеми, започна овогодинешното издание на фестивалот. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани уметници…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti