klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сиљановска Давкова на Свечената академија по повод „30 години Општина Вевчани“

Сиљановска Давкова на Свечената академија по повод „30 години Општина Вевчани“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 20:16:03

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“. - За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка. Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите години говорев, пишував и аргументирав дека Вевчани има право да биде самостојна општина, убедена дека неговата историска, културна и општествена особеност заслужува институционално признание и почит. Има ли нешто поважно од тоа да се зачува место што е синоним за Виа Игнација, за бунтовност, за отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува, пренесувајќи ги тие вредности од генерација на генерација? - се посочува во објавата на претседателката на Фејсбук. Сиљановска Давкова изразува искрена благодарност до сите вевчанци кои вградиле дел од себе во развојот на општината. - Честитки, со искрени желби Вевчани и понатаму да остане оригинално, оригинерно и автентично - се посочува во објавата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti