klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сиљановска Давкова: Мислам дека се движиме добро и државата е пофункционална во многу области за разлика пред две години

Сиљановска Давкова: Мислам дека се движиме добро и државата е пофункционална во многу области за разлика пред две години
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·16. 07. 2026. 20:53:26

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. - Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само што треба да се реализира. Има некои проблеми. Доаѓа до промени, но треба да помине време. Тоа не можете со потег на перо со еден закон - рече Сиљановска Давкова во својата оценка за државата дали се движи во вистинска насока во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“. Потенцира дека најголемите проблеми сѐ уште остануваат корупцијата, криминалот и партизацијата во државата. - Нашата најголема болка беа и останаа корупцијата и криминалот. Тоа е факт. Партизацијата и политизацијата сѐ уште се силни. Каде што има партизација и политизација, лесно успева корупција и криминал. Нам ни требаат силни институции и слаби поединци бидејќи институционално треба да се решаваат проблемите. Јас сум просто шокирана од некои сознанија. Кога ќе видите што се случувало во некои институции, сега ова што е со СОЗР, да речеме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti