klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сиљановска – Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит

Сиљановска – Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 06:20:06

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не приемот по повод 14 Јули, Националниот ден на Француската Република. - Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ! Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и нејзината длабока верба во „слободата, братството и еднаквоста“, на непресушната демократска инспирација на „Француската декларација за слободите и правата на човекот и граѓанинот“, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук. Наведува дека „македонско-француското пријателство, втемелено на меѓусебна почит, особено се гради во рамките на Франкофонијата, како и низ богатата образовна, научна и културна размена“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti