Сиљановска-Давкова: Клучниот датум за проширувањето на ЕУ е 30 септември, уставните измени не се гаранција дека нема да се појават нови пречки

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за телевизија „Канал 5“, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет. - Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесираме чекорите што сепак се можни и се договараат - истакна претседателката. Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев, гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија. - Заклучокот е дека треба многу напор, многу добра волја за да чекориме некако. Треба нешто заедно да инвестираме за да дојдеме до некакво решение - истакна претседателката Сиљановска-Давкова. Таа нагласи дека Бугарија во врска со прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на политичките разлики. - Ние сме тука навистина еден интересен феномен за разлика од Бугарија, која секаде настапува едногласно, дури и кога не е во право - посочи Сиљановска-Давкова. Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес…
Povezane vijesti

Ландо Норис казнет поради промена на болидот: Неговата позиција ќе биде за 10 места полоша
ISTORIJSKI POŽARI POGODILI EVROPSKU ZEMLJU! Ovo nije viđeno više od 80 godina, prizori apokaliptični: Hiljade hektara u pepelu, oglasio se i Makron (FOTO)
