Сиљановска-Давкова инсистира на предвидлив и кредибилен преговарачки процес, ослободен од билатерални условувања

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор на безбедносните закани, но и домашно адаптирање на новите предизвици. Сиљановска-Давкова укажа дека европската интеграција веќе не е само политички, туку и стратешки, економски, енергетски, геополитички, безбедносен и демографски императив, подеднакво за кандидатите и членките. Таа инсистира на предвидлив и кредибилен преговарачки процес, ослободен од билатерални условувања. Говорејќи за улогата на дипломатската мрежа, Сиљановска-Давкова укажа дека амбасадорите се сликата за државата во регионалното, европското и светско огледало, па нивната стручност, компетентност, познавања за земјата-домаќин и способност да ги застапуваат националните интереси се суштински за кредибилитетот на македонската дипломатија. Според претседателката, дипломатската професија бара знаење, искуство и континуирано следење на политичките, економските и општествените процеси во земјата домаќин, но и пошироко. За неа, амбасадорот не е само претставник кој ги застапува политиките на државата, туку и човек кој треба да го разбира светот на домаќинот, да ги препознава промените, да ги детектира ризиците, но и…
Povezane vijesti

Perišić: Svi lideri Zapadnog Balkana dolaze u Crnu Goru na Samit Berlinskog procesa
Izvor Pobjede iz vladajuće koalicije: DPS napustio salu uoči glasanja za dva člana Sudskog savjeta, uprkos dogovoru na Kolegijumu
