Сиљановска-Давкова: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци

„Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата! Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за соочување и прифаќање на личната жртва како неминовна! Илинденската епопеја е македонска битова драма. Низ крвавите страници на тешката историја, испишани со Делчевата мисла, Каревата републиканска визија, Питугулиевата саможртва, Чентовиот трибунски дух и делата на бројни знајни и незнајни јунаци, натопени со реки од солзи, се градеше и обликуваше македонската република. Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци. Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет? Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците? Каква Република ќе им оставиме на нашите сакани деца и внуци? И денес, почитувани граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, партиската или друга припадност…
Povezane vijesti

(ФОТО) Ескалираат студентските протести во Тирана, премиерот Рама ја отфрли можноста за оставка

Уште 15 дена- Баба Ванѓа со морничаво предвидување за овој ноември
