Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал. Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри од Свети Наум до Охридското пристаниште, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од осум држави: 11 во машка и 5 во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
