Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение, во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората

Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како решение го има во две до три држави, сепак претседателката смета дека добро е тоа да го има и кај нас. - Иако е ретко решение, дали го има во две или три држави, сепак добро е да го има кај нас затоа што во разни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина - рече вечерва Сиљановска-Давкова во интервјуто за телевизија „Канал 5“. Во однос на дијаспората, претседателката нагласува дека според Уставот, избирачкото право, без разлика дали е активно или пасивно, се врзува со државјанството и смета дека во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората. - Најголем број држави на светот ѝ дозволуваат на дијаспората да гласа. На прсти може да се избројат, можеби две, што не дозволуваат дијаспората да гласа, а има една или две држави во кои, по истек на 10 години, не може дијаспората веќе да гласа. Но она што е чудно кај нас е што на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен - вели Сиљановска-Давкова. Невозможно е да се испраќаат луѓе во дипломатско-конзуларните претставништа, вели Сиљановска-Давкова, и затоа најчесто се посегнува кон…


