klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шикорски: За третина зголемени нападите од омраза врз Украинците во Полска

Шикорски: За третина зголемени нападите од омраза врз Украинците во Полска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 09:33:44

За шест месеци од оваа година, полската полиција доби 180 пријави за вербални и физички напади врз Украинците што живеат во Полска, што е за 30 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година, објавија денеска полските медиуми. Вицепремиерот и министер за надворешни работи Радослав Шикорски апелираше до Полјаците, а пред сè до опозицијата, да разберат дека говорот на омраза секогаш се претвора во физичко насилство. Зголемените тензии меѓу Варшава и Киев се прелеваат и на улиците на полските градови, а особено барањата на полската опозиција, конзервативната и радикалната десница, дека Украина треба да стави вето на отворањето на кластерот и дека тој нема место во Европската Унија сè додека ја величи Украинската бунтовничка армија, чии единици убија, според полските проценки, околу 100.000 полски цивили во селата во регионот Волин. Видео од еден постар Полјак, возач на јавен превоз во градот Бјалско-Бјала, како вербално напаѓа, турка и пцуе украински девојки, деновиве предизвика скандал на мрежите. Лавина од коментари предизвика и убиството на еден Полјак во Битом, иако беше претепан до смрт од тројца Украинци од сосема лични причини, поради неговата сопруга, а не поврзани со националноста. „За жал, зборовите оставаат последици. На почетокот е збор, потоа се отелотворува. Политичарите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti