klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сибиха во посета на Јужна Кореја

Сибиха во посета на Јужна Кореја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 11:47:11

Шефот на јужнокорејската дипломатија Чо Хјун и неговиот украински колега Андриј Сибиха денеска во Сеул разговараа за судбината на двајца севернокорејски војници, кои се бореа за Русија, а се заробени од украинската армија. Чо и Сибиха на средбата се согласија дека прашањето за севернокорејските воени заробеници треба да се реши во согласност со меѓународното право и хуманитарни принципи. Двата севернокорејски војници беа заробени во јануари 2025 години во Курската област. Нив ги бара и Русија и Северна Кореја. Тие се единствените живи севернокорејски заробеници од почетокот на војната во Украина и сакаат да бидат префрлени во Јужна Кореја. Чо наведе дека во март добил уверување од Киев дека заробениците нема да бидат вратени во Северна Кореја против нивна волја, но украинската влада сè уште не донела одлука за нив.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti