klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Северна Кореја лансираше ракета со краток дострел, според јужнокорејската војска

Северна Кореја лансираше ракета со краток дострел, според јужнокорејската војска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·06. 08. 2026. 10:12:48

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Јапонската влада соопшти дека Пјонгјанг лансирал нешто што би можело да биде балистичка ракета. Лансирањето следи по серијата ракетни тестови во текот на оваа година, вклучувајќи ги и балистичките ракети со краток дострел, ракетната артилерија и друго оружје насочено кон зајакнување на воените капацитети на оваа изолирана земја. Северна Кореја последен пат го тестираше своето оружје кон крајот на јуни, а тестот вклучуваше повеќецевни ракетни лансери, тактички балистички ракети и самоодни хаубици, објави севернокорејската државна агенција. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti