klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 13:23:05

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на терен и извршиле увид во објектот, кој е оператор за храна во правното лице во ТИРЗ –Штип. - Извршен е едукативен разговор со одговорните лица и персоналот во однос на начинот на прием на храната, подготовка, чување и складирање на храната. Дадени се предлог мерки и препораки. Назначено е генерално механичко чистење, извршена е вонредна дезинфекција, дезинсекција, дератизација на објектот, направени се вонредни санитарни прегледи на вработените. Земени се мостри од инкриминираната храна за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини од кујната-соопштија од Центарот за јавно здравје-Штип. Во соопштението се наведува и дека одделението по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип будно ќе ја следи состојбата во наредниот период и ќе ја информира јавноста и при евентуална појава на нови случаи ќе преземат дополнителни мерки согласно законската регулатива. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti