Шест илјади затвореници во септември би можеле да бидат на слобода во оваа држава

Приближно 6.000 затвореници во Велика Британија, вклучувајќи убијци, силувачи и сексуални престапници, би можеле да бидат предвремено ослободени од затвор според новата владина шема за намалување на пренатрупаноста во затворскиот систем. Мерката е овозможена со дел од Законот за изрекување казни од 2026 година, кој стапува на сила во септември, а првите 700 сторители наводно ќе бидат ослободени тогаш, објави Скај њуз. Имено, главниот инспектор на затворите, Чарли Тејлор, рече дека надзорниот орган ќе ги следи сторителите кои се предвремено ослободени. Тој ја поздрави можноста дополнителниот капацитет во затворите да им помогне на гувернерите да се фокусираат повеќе на рехабилитацијата, но предупреди дека институциите сè уште не успеваат да обезбедат програми за образование, обука и намалување на ризикот потребни за поддршка на затворениците по ослободувањето. „Ова е област што нè загрижува со години. Многу затвореници ќе бидат ослободени во септември, октомври и ноември, и ние многу внимателно ќе следиме какво влијание ќе има ова врз стапките на рецидивизам и ризикот за јавноста“, рече Тејлор. Како што е наведено дека според новите правила, затворениците осудени за одредени насилни или сексуални злосторства ќе можат да побараат ослободување откако ќе отслужат половина од казната, наместо претходните две третини. Крадците ќе бидат меѓу оние…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
