klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 07:39:00

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Во машка конкуренција ќе настапат и Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од Канада, Алесио Окипинти и Николо Ричарди од Италија, Енеко Саезмиера и Даниел Понсе Хименез од Шпанија, како и Кристијано Карамело Сантос од Португалија. Во женска конкуренција, покрај Гошева, ќе настапат уште и Елена Лионело од Италија, Милица Љубисављевиќ од Србија и Аргентинките Рита Ванеса Гарсија и Мајте Ајлен Пука. Стартот на маратонот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид, околу пет часа по стартот, зависно условите на патеката. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti